Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето ќе го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани, соопштуват од кабинетот на претседателот.
-Состанокот ќе се одржи вечерва во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по враќањето во државата на Претседателот на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Владата на Република Македонија, се вели во соопштението.
Терминот за одржување на состанокот дополнително ќе биде соопштен.