Компаниите бараат, но регулаторите нема да дозволат плаќање за користење на Месинџер, Вибер, Скајп и другите бесплатни апликации. Министерот за информатичко општетсво објаснува, големите телекомуникациски оператори во светот вршат силен притисок врз европската комисија и регулаторните тела во своите земји затоа што им паѓаат приходите. Но засега никој не размислува за наплата за користењето на овие апликации.
„На светско ниво барањето на телекомуникациските оператори е да се направи некаква регулација на овие апликации затоа што реално на нивната инфраструктура тие прават огромни приходи. Но нема регулатор на светско ниво кој ќе дозволи вакво регулирање“, вели Иво Ивановски, министер за информатичко општетсво и јавна администрација.
Експертите велат дека телекомуникациските оператори нависина бележат пад на приходите од реализирани повици, испратени СМС и ММС пораки затоа што корисниците повеќе ги користат апликациите. Но според нив, користењето на овие апликации воопшто не е бесплатно. Телекомуникациските компнаии во своите извештај прикажуваат зголемени приходи од продажба на интернет пакети за мобините телефони.
Клучот за надминување на овој проблем според министерот Ивановски лежи во иновативноста на светските телекомуникациски оператори. Тие ќе треба да најдат нови начини з ада си ги вратат корисниците.
„Ќе продолжат дискусиите на тема како да се зголеми иноватиновноста во телекомуникацискиот сектор за тие да можат да станат конкурентни со овие бесплатни апликации“, вели Ивановски.
Користењето на апликациите како Фејсбук месинџер, Вибер или Скајп во последните години е во постојан пораст. Според податоците, Месинџер активно користат околу 500 милиони корисници, Вибер има 200 милиони, а Скајп околу 300 милиони корисници.
Сител