Иво Котевски е новиот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


На последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука, функцијата Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ да ја врши Иво Котевски, информираат од партијата.

Тој оваа функција ќе ја преземе утре, од досегашниот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој ќе продолжи да ја извршува функцијата Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието на Република Македонија.ivo kotevski

Иво Котевски зад себе има богато искуство како новинар и уредник во телевизиите Канал 5 и Телма од 1999 година и новинарската работа ја извршувал се до неговиот ангжман во Министерството за внатрешни работи во 2006 година.

На функцијата Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа од досегашната позиција помошник министер за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи.

Писмена Изјава на Иво Котевски

Од декември 2006-та бев дел од тимот кој квалитативно на повисоко ниво ја подигна ефикасноста во работењето на Министерството за внатрешни работи и создаде институција за респект, која не потклекнуваше и не преговараше никогаш кога беа во прашање интересите на Република Македонија.

Со огромна политичка волја и напор создадовмме транспарентна институција во служба на граѓаните.

Во 2006-та постоеше само канцеларија задолжена за односи со јавноста од која во изминативе 9 години на почеток изградивме Одделение кое прерасна во Сектор за конечно да го подигнемме на ниво на Оддел за односи со јавност и стратешки прашања. Системски го уредивме и пристапот до информациите од јавен карактер, а успеавме да ги стандардизираме и процедурите по кои секојдневно постапуваме, а претставуваат репер и повисоко ниво потврдено во сите релевантни истражувања спроведени од меѓународни организации.

Ги вложив целосно своите капацитети и се трудев постојано да бидам достапен за медиумите, за граѓаните и за колегите со кои заедно напредувавме и се надградувавме. Бескрајно им благодарам на соработката на сите во Министерството кои покажаа врвен професионализам и извонредни човечки квалитети.

Сега се соочувам со нов предизвик. Мојот личен став е дека претстои турбулентен период во кој ценам дека интересите на граѓаните и на државата ќе може најдобро да ги одбранам на политички план. На политичко поле ќе се води новата битка за иднината на Македонија. Во моменти на реални закани за уривање на системо, државноста и се што е изградено години наназад само заради обид за ситно политичко профитерство, благодарен сум на довербата која ми е укажана и можноста која ми е понудена.

Како Директор на Центарот за комуникации ќе го вложам својот максимум за да го надградам тоа што е создавано од моите претходници. Ќе се трудам што е можно повеќе да ги објаснам политичките позиции за да не остане ниту најмала дилема кај граѓаните околу драстичните разлики во концептите кои им се нудат.

Убеден сум дека граѓаните на престојните избори ќе ја препознаат вистинската опција на која интересите на Македонија и’ се приоритет над приоритетите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1