Новинарка на „Би-Би-Си“ пронајдена обесена на аеродромот во Истанбул


Новинарката на „Би-Би-Си“ и директорка на Институтот за воено и мирнодопско известување, Џеки Сутон, е пронајдена мртва на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, откако го пропуштила поврзувачкиот лет за Ирак.

britanka2

Педесетгодишната Сутон е пронајдена обесена во тоалетот, откако го пропуштила летот од Истанбул за Ербил. Според аеродромскиот персонал, Сутон изгледала вознемирено кога и соопштилe дека мора да купи друг билет.

Безживотното тело на Сутон е пронајдено неколку часа подоцна. Околностите на нејзината смрт сè уште се непознати, но нејзини пријатели и колеги тврдат дека мора да станува збор за убиство.

Сатон, која зборувала пет јазици, вклучувајќи и основно ниво на арапски, пред смртта посетувала докторски студии при Центарот за арапски и исламски студии на Австралискиот национален универзитет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1