Со пропусница на ИСИС стигнал до Србија преку Македонија


Сириец со патна исправа со која слободно можел да се движи на територија на Исламска држава е прв мигрант за кого постел сомнеж дека е терорист, а во Србија стигнал преку Македонија, јавува „Blic“.

Пред две недели, Сириец влегол во Србија преку Македонија, а сомнежот дека можеби се работи за терорист настанал на Прешево, кога од џебот ги вадел своите документи.

Во тој момент неговиот шура му довикнал да не покажува еден документ.isis pasos migrant

„Тргни го тој документ, не го покажувај“, рекол шурата, кој патувал во иста група со него. Српскиот преведувач веднаш реагирал и го пријавил случајот, по што припадници на безбедносната агенција, дошле да го контролираат, вели за „Blic” извор близок до српските безбедносни служби.

Припадник на БИА тогаш го зел спорниот документ за кој се покажало дека е вид пропусница за движење по области под контрола на ИС. Во документот имало многу печати, но ниту една ознака за ИС.

„Сириецот бил детално претресен и откриено е дека на телото има лузни. Поради сомнежот дека се работи за терорист, веднаш е префрлен во притвор во Падинска Скела, во кој остал додека траеле проверките“, вели изворот.

Како што се утврдило, тој бил борец на страната на претседателот Башар ал Асад, и паднал во заробеништво, каде и ги заработил лузните. Потоа успеал да се спаси и затоа одлучил да побегне со семејството од Сирија.

„Проверките траеле неколку дена, а Сириецот е пуштен откако е утврдено дека нема врска со терористички организации. Информацијата за неговото влегување е проследена до останатите европски полиции“, вели изворот.

Српската полиција до сега нема забележано случај за поминување на некој што има врска со терористички групации, но и не постои можност за проверка на биографиите на мигрантите од Сирија.

Сомнителните мигранти се проверуваат низ податоците на Интерпол затоа што не постои соработка со сириските власти, па затоа секогаш постои можност некој терорист да помине низ скенер вратата.

Сите мигранти во Прешево се фотографираат им се зема отпечаток од прст и се запишуваат со името кое го дале, а така влегуваат во меѓународната база на податоци AFIS и под тоа име се водат по целото патување низ Европа, а под тоа име и аплицираат за азил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1