Apple размислува цената на паметниот часовник кој треба да излезе веќе следната година да биде 400 долари. Најверојатно компанијата ќе презентира неколку верзии на паметниот часовник, а дел од моделите ќе доаѓаат и за пониска цена, јави Re/code.
Засега останува непознато дали Apple ќе ја објави цената на уредот на презентацијата која е закажана за 9 септември. Сепак доколку веста се покаже како точна, тогаш Apple ќе има еден од најскапите уреди на пазарот. Засега изгледа дека Moto 360 од Motorola и R-Watch на LG се часовниците ќе бидат најголема конкуренција.
Тим Кук неодамна изјави дека иако часовниците се интересна можност, засега на пазарот нема ниту еден часовник кој нуди нешто специјално. Сепак од ова интервју помина повеќе време, во кое Google го издаде Android Wear оперативниот систем за преносни компјутери, а Motorola го издаде најубавиот часовник, на пазарот. Покрај ова не треба да се исклучат и излегувањата на куп нови часовници од најголем дел од производителите.
it.com.mk