Избегнат дипломатски инцидент во грчкиот Парламент во врска со Македонија


Во грчкиот Парламент вчера за малку беше избегнат дипломатски инцидент кога претставникот на Македонија ја нарече својата земја Република Македонија и го критикуваше  грчкото претседателство со ЕУ дека проширувањето не е меѓу неговите приоритети.

misini1-500Ова денеска го коментираат речиси сите грчки медиуми, осврнувајќи се на учеството на претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Хајрула Мисини на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК, што се одржа во Атина, во рамките на грчкото претседателство со Европската унија.

„Мисини ја ослови неговата земја под нејзиниото уставно име“, пишува и „То Вима“ додавајќи дека по коментарот на македонскиот претставник, „Венизелос се вратил на темата, и на дипломатски начин го вратил прашањето во неговите вистински меѓународни димензии“.

„Во врска со забелешката на нашиот драг пријател од поранешнатајЈугословенска Република Македонија: ако добро сфатив тој е од партијата предводена од господинот Ахмети , со кого имав можност да се сретнам во Атина пред неколку месеци и одржуваме. Ќе го повторам тоа што кажав претходно. Грција нема забелешки, кои се однесуваат на нешто апсурдно или нешто претерано. Ние сакаме да се исполнат општите критериуми и да се постигне договорено решение во врска со името“, го пренесуваат грчките медиуми одговорот на Венизелос кој го повторил и ставот за сложено име со општа примена, кое ќе вклучува географска одредница на терминот „Македонија“.

Инаку, претседателот на Комисијата за европски прашања Мисини на конференцијата праша зошто Грција, како познат промотор на проширувањето, денес, во моменти кога претседава со Европската унија, за жал, го нема проширувањето како свој приоритет.

Тој се повика на петте позитивни препораки од страна на Европската комисија и Европскиот парламент за почеток на  преговорите за членство со Европската унија, како аргумент дека сме ги исполниле копенхашките критериуми. Притоа, побара Грција да биде наш гласен поддржувач, затоа што тоа ќе ја смени атмосферата во двете земји и ќе придонесе  за подобар имиџ на Грција во Република Македонија, но и во рамките на Европската унија, и секако дека ќе биде историски исчекор на Република Македонија.

 Kurir
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1