Ратко Младиќ одби да сведочи против Радован Караџиќ


Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ денеска одби да сведочи на судењето на некогашниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

ratko mladic– Не сакам и одбивам да сведочам поради здравствени причини и затоа што тоа ќе ми штети за мојот судски процес, изјави Младиќ за време на судењето во Хаг.

Во моментот кога беше повикан да сведочи, тој го нарече Хашкиот трибунал „сатански суд“.

– Јас не го признавам овој суд на омразата, нагласи Младиќ под закана од судско гонење за навреда на судот.

Караџиќ, кој е обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, побара Младиќ да сведочи во негова заштита.

Бранко Лукиќ, адвокатот на Младиќ, се обидел утрово уште еднаш да ги убеди судиите да не даваат дозвола за сведочење на неговиот клиент, наведувајќи ја како причина неговата здравствена состојба.

– Ние сметаме дека Младиќ не е во состојба да сведочи, истакна Лукиќ, додавајќи дека неговиот клиент има проблеми со паметењето и не разликува „вистина од лага“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1