Авион од типот Бомбардер на Кроација Ерлајнс доживеа нереќа при слетувањена аеродромот во Цирих , синоќа околу 20 : 15 часот.
Според исзвештаите од службата за контрола на летовите пилотите на авионот пред слетување јавиле дека имаат технички проблем. Предните тркала на авионот не можело да се отворат и спуштат. Затоа пилотите извеле принудно слетување без предниот трап ,а на земја ги чекале големи екипи на против пожарни единици и медицински персонал.
Во авионот имало 60 патници кои се качиле во Згреб и четворица членови на посадата.Сите 60 патници и членовите на посадата поминале без никакви повреди.
Засега уште не е познато што го предизвикал дефектот и се прави голема и детална истрага. Авионот останува во Цирих каде ќе му биде направен технички преглед.