Нова драма на спортски клуб кој се превезуваше со авион на натпревар овојпат од НБА лигата.
Се работи за кошаркарите на Мајами кои за малку избегнаа трагедија за време на слетувањето на авионот во Милвоки каде требаше да играат против домашните „Бакси“.
-За време на слетувањето во Милвоки дојде до излизгување на авионот. За среќа никој не е повреден, стои на официјалниот сајт на Мајами Хит.
Повредени нема, но сведоците од авионот велат дека моментот на слетувањето бил прилично драматичен. Пилотот со крајни напори успеал да го застане авионот и да ја спречи несреќата.