На Европското првенство во пливање кое се одржува во Берлин во последните минути е избегната вистинска катастрофа.
Трката на 10 километри во „слободен стил“ можеше да биде последна за полската пливачка Наталија Харлос, но благодарение на брзата интервенција на спасувачите животот на пливачката не е во опасност. За време на трката 21-годишната пливачка загубила свест и почнала да се дави. Кога останатите го забележале тоа веднаш ги алармирале спасувачите кои реагирале експресно и ѝ го спасиле животот.
Поради немилиот настан на ЕП таа е наоѓа во болницата во Берлин кадешто ќе остане во наредните неколку дена.
Sportmedia.mk