Шокантна информација: Пастата за заби Колгејт предизвикува рак и неплодност


Британскиот „Дејли меил“ и американскиот „Блумберг“ објавија информација дека пастата за заби Колгејт која ја користат милиони Американци, но и голем број Македонци, ја содржи канцерогената состојка триклосан.

kolgejt pasta zabiСпоред овие медиуми, триклосанот влијае на размножување на канцерогени ќелии во организмот на човекот и на животните. Како што се наведува во текстот, надлежната агенција за контрола на лекови во САД издала дозвола за користење на пастата во 1997 година, но со дополнителни тестови е утврдено дека оваа супстанца предизвикува тешки заболувања.Но, она што делува смирувачки за сите што ја користат со години оваа паста е дека споменатите тестови се правени врз животни, а не врз луѓе.

Компанијата зад пастата Colgate Total инсистира дека супстанцијата триклосан, употребена против болести на непцата, е безбедна за употреба, бидејќи пастата за заби била одобрена во 1997 година од Администрацијата на САД Прехрамбената и Лекарската администрација.

toothpaste-1Од компанијата Колгејт ги отфрлуваат овие обвинувања и наведуваат дека истражувањата не покажале никакви промени на човековите ќелии.

-За скоро 18 години колку што е Колгејт присутен на пазарот во САД, нема ниту еден доказ дека пастата влијае негативно на луѓето- вели портпаролот на компанијата Колгејт, Томас ди Пјаца за Блумберг.

Извештајот од 35 страници открива дека агенцијата била  загрижена дека употребата на триклосан  го зголемува ризикот од рак, но Colgate тврди дека химикалјата води до проблеми само во големи дози. Во тоа време достапни докази, како и повеќе нови истражувања покажуваат дека химикалијата навистина може да предизвика проблеми, вклучувајќи предвремено породување и неразвиени коски кај животните

Во 2010 година, студент  го поврза триклосан, кој најчесто се користи за намалување на бактериски зараза, со намалувањето на плодноста кај глувците, а истражувањето во 2013 година покажа дека химикалијата го  намалува бројот на сперматозоидите кај стаорците.

otrov-paste-za-zube-ostecenja-srca-triklosan-1345835743-201460Друго истражување спроведено во 2003 година, откри дека триклосан  е присутен во урината на 75% од 2 517 Американци, вклучувајќи и деца, кои биле тестирани од Центарот за контрола и превенција на болестите.

Colgate  ги отфрла веродостојноста на доказите и резултатите, бидејќи тие се добиени како  последица на експерименти со животни. “Ние направивме систем, во кој ги тестираме овие хемикалии на луѓе. Идејата дека тие се безбедни, ми се допаѓа, но кога истражувањата со животни покажуваат спротивното, сметам дека преземаме голем ризик “, рече научникот Томас Зојлер.

И покрај сè, од Colgate велат дека извештајот од 35 страници не докажуваат дека химикалијата е штетна  за луѓето и додаваат дека безбедноста е докажана во текот на 80 клинички студии во кои учествувале 19 000 луѓе. Од компанијата исто така изјавуваат дека не планираат да ја  променат формулата на Total.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1