Повеќето од нас кои тргнуваат на подолг пат избегнуваат пиење на течности за да се избегне застанување по пат, но ова е катастрофален потег кој не смеете да го правите.
Научниците велат дека ова е екстремно опасно и може да доведе до сериозни последици.
Откриено е дека жедта зад волан има исто влијание на организмот како и ненаспаноста или алкохолот.
Дехидрацијата предизвикува намалена мозочна активност и лоша концентрација. Освен на заморот, дехидрираните возачи се жалеле на главоболка, промени во расположението, раздразливост и други симптоми кои влијаеле на квалитетот на нивното возење.
Следниот пат кога ќе тргнете на пат, напијте се вода и задолжително со вас понесете течност за по пат.
Курир.мк