Викендов во Охрид се одржа избот на Кралица на убавината, и во конкуренција од десет девојки триумфираше 22- годишната прилепчанка Сандра Лазеска.
Жирито беше едногласно. Најубавата ја одбираа водителките Ирена Спировска, Милена Антовска и бизнисменот Роберт Хот. За убавицата, организаторот Драган Вучиќ обезбеди награда, едномесечно патување во Австралија, но не само за неа, туку и за двете придружнички – првата придружничка Драгана Трајчевска од Скопје (18) и за втората придружничка Викторија Маневска (22) Битола.
За мис шарм беше прогласена Александра Милевска (18) од Битола, а за мис фото Маринела Велкова( 16) од Велес (16) кои како награда добија по десет дена одмор во Истанбул.
Во музичкиот дел настапија Гркинката Елени, Мишко Крстевски, Кико, фолклорно друштво од Црна гора, и циркузанти, а изборот заврши со огномет.