Изборот на монахот Калист – Гледал како гори се што имал спасувајќи ги иконите во Трескавец


Додека го спасувал иконостасот од монашкиот конак, огнот изгорел сè што имал во собата во која спиел – неговиот миленик канаринец, сета облека што ја имал и 100.000 денари, кои храмот неодамна ги добил од продажбата на дрвата исечени во манастирската шума. Неговата приказна ја пренесува Дневник.

monah kalistВо моментот кога огнените пламени јазици стасале до монашкиот конак, каде што живеел и монахот Kалист, морал брзо да реши – дали ќе ги спасува иконите или тоа што го имал во своето престојувалиште. И немал дилеми. Потрчал, заедно со странскиот турист што се затекнал на Трескавец, кон иконите и почнале да ги спасуваат. Да не направеле така, ќе изгореле сите, заедно со иконостасот и со распетието.

Додека ги извлекувале иконите, Kалист беспомошно гледал како огнот ја уништува неговата соба.
Ми се јави и ми кажа: „Отец Kлимент, сè ми изгоре, но успеав да ги спасам иконите, тоа е најважно. Сè друго ми изгоре“. Не зборува ли ова доволно за негова посветеност на Бога, на манастирот, за тоа каква личност е монахот Kалист, каква е неговата љубов кон светилиштето, кое доживеа тешка трагедија. Тој и сега е таму, не го остава манастирот, туку чека да почне неговото обновување. Ќе го дочека и тоа.  Вака отец Kлимент, епископот хераклејски, ја раскажува малку познатата епизода од трагичниот пожар во кој изгоре конакот на манастирот во Трескавец и од која најдобро се гледа драмата што ја преживеал монахот Kалист, кој со години сам живее во храмот.

Целото интервју на следниот линк – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1