Избрана техничката влада на Емил Димитриев


Собранието на Македонија, без присуство на пратениците од опозицијата, ја избра новата техничка влада на мандатарот Емил Димитриев, откако денеска попладне ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски. Владата на Димитриев е во истиот состав. Нејасен е статусот за двајцата министри од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски, кои не дојдоа на изборот и не положија заклетва.Emil_Dimitriev-610x377

Организирање фер и демократски избори на кои граѓаните ќе одлучат кому ќе ја дадат својата доверба, продолжување на политиките за обезбедување на нивната иднина и вклучување во нов циклус кој ќе изобилува со позитивна енергија и пристап се дел од целите на кои во своето експозе посочи мандатарот.

– Граѓаните се тие кои одлучуваат, а ние треба и ќе продолжиме да работиме за нив, за нашата земја Македонија и за нашата заедничка иднина. Ние ја имаме одговорноста пред граѓаните, и во вакви сложени времиња, не отстапуваме, продолжуваме одговорно, достоинствено, со чесна намера, и во интерес на граѓаните и на Република Македонија. Имаме историска одговорност, сите ние да се вклучиме во еден нов почеток, во еден нов циклус кој ќе изобилува со позитивна енергија и пристап
Граѓаните од нас очекуваат одлуки и обезбедување на нивната иднина и наша обврска е тоа да им го овозможиме – рече Димитриев.

Во име на владеачкото мнозинство, изборот на новата влада го поздрави пратеникот Антонио Милошоски. Тој рече дека доколку вечерва министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, избрани од СДСМ, не дојдат и не положат заклетва, премиерот Димитриев ќе ги извршува нивните функции се додека  тие не го сторат тоа. Пратеникот Александар Николовски рече дека премиерот ќе даде се од себе изборниот процес да биде совршен.

За министер за одбрана е предложен Зоран Јолевски, за министер за правда Аднан Јашари, за надворешни работи Никола Поповски, за финансии Зоран Ставрески, за економија Беким Незири, за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, за здравство Никола Тодоров, за образование и наука Абдилаќим Адеми, за министер за локална самоуправа Љирим Шабани, за култура Елизабета Канческа Милевска, за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, за транспорт и врски Владо Мисајловски и за животна средина Нурхан Изаири.

За министри без ресор се предложени Владимир Пешевски, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Фуркан Чако, Неждет Мустафа, Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумоф и Горан Мицковски.

Членовите на владата положија свечена заклетва.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1