Избрани 32 градоначалници во првиот круг, се бројат гласовите уште за четири општини и Град Скопје


Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 33 градоначалници од кои за еден не е исполнет цензусот за излезеност. Се уште не се обработени 100 отсто од гласовите за општините Аеродром, Ѓорче Петров, Ресен и Центар, како и за Градот Скопје.

Во општина Арачиново од обработени 100 отсто од гласачките ливчиња кандидатот на ДУИ освоил 44,23 отсто од гласовите, а на СДСМ и коалицијата 39,14 отсто, што значи дека ќе има втор круг.

Во Берово победник е кандидатот на СДСМ и коалицијата Звонко Пекевски со освоени 51,25 отсто од гласовите.

Во Битола во вториот круг се пласираат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 42,83 отсто од гласовите и кандидатот на СДСМ со освоени 39,3 отсто од гласовите.

Во Богданци победи кандидатот на СДСМ Блаже Шапов со освоени 50,70 отсто од гласовите.

Во Боговиње во вториот круг се пласираа кандидатот на ДУИ до 47,29 отсто и на Коалицијата Алијанса за Албанците и алтернатива со 27,54 отсто од гласовите.

Во Босилово победник е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 58,33 отсто од гласовите.

Во Брвеница ќе има втор круг меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 29,67 отсто до гласовите и на Група избирачи – Енвер Пајазити со 19,07 отсто.

Во Бутел победник е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 52,79 отсто од гласовите.

Во Валандово победи кандидатот на СДСМ со освоени 57,73 отсто од гласовите.

Во Василево во вториот круг се пласираа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со освоени 48,81, односно 47,94 отсто од гласовите.

Во Вевчани ќе има втор круг меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои освоија 49,68, односно 44,69 отсто од гласовите.

Во Велес победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев со освоени 51,63 отсто од гласовите.

Во Виница победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Петков со освоени 54,74 отсто од гласовите.

Во Врапчиште во втор круг одат кандидатите на АА и Алтернатива и ДУИ со освоени 41,38, односно 34,58 отсто од гласовите.

Во Гази Баба победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стефковски со освоени 60,07 отсто од гласовите.

Во Гевгелија во втор круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ со освоени 47,11 отсто , односно 34,69 отсто од гласовите.

Во Гостивар ќе има втор круг меѓу кандидатите на АА и Алтернатива и ДУИ кои освоија 49,88 отсто односно 41,84 отсто од гласовите.

Во Градско победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Киро Нацков со освоени 55,66 отсто од гласовите.

Во Дебар во втор круг ќе одат кандидатите на АА и Алтернатива и на ДУИ со освоени 49,69, односно 46,15 отсто од гласовите.

Во Дебрца во втор круг ќе одат кандидатите на група избирачи – Зоран Ногачески со 36,96 отсто од гласовите и кандидатот на СДСМ со 34,36 отсто од гласовите.

Во Делчево победи кандидатот на СДСМ Горан Трајковски со освоени 51,14 отсто од гласовите.

Во Демир Капија во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ со освоени 48,59 и ВМРО-ДПМНЕ со 47,59 отсто од гласовите.

Во Демир Хисар во втор круг ќе бидат кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 47,37 отсто од гласовите, односно 46,92 отсто.

Во Дојран победи кандидатот на СДСМ Анго Ангов со освоени 53,21 отсто од гласовите.

Во Долнени во втор круг одат кандидатите на ДУИ со 28,56 отсто од гласовите и на СДСМ со 21,22 отсто.

Во Желино во втор круг ќе се соочат кандидатите на ДУИ и БЕСА со освоени 46,63 односно 42,09 отсто од гласовите.

Во Зелениково во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ со 45,4 отсто од гласовите и СДСМ со 44,3 отсто.

Во Зрновци победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев со освоени 54,54 отсто од гласовите.

Во Илинден победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Георгиевски со освоени 53,4 отсто од гласовите.

Во Јегуновце победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Костадиноски со освоени 50,4 отсто од гласовите.

Во Кавадарци победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 72,35 отсто од гласовите.

Во Карбинци победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Виктор Паунов со освоени 59,4 отсто од гласовите.

Во Карпош во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и Гром со освоени 32,25, односно 23,69 отсто од гласовите.

Во Кисела Вода победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски со освоени 52,5 отсто од гласовите.

Во Кичево во втор круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ со освоени 38,42, односно 37,3 отсто од гласовите.

Во Конче во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со освоени 46,83, односно 41,56 отсто од гласовите.

Во Кочани во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 48,16, односно 45,3 отсто од гласовите.

Во Кратово во втор круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ со освоени 48,89,односно 29,71 отсто од гласовите.

Во Крива Паланка победи кандидатот на СДСМ Сашко Митовски со освоени 54,75 отсто од гласовите.

Во Кривогаштани победи кандидатот на СДСМ Николче Мискоски со освоени 50,83 отсто од гласовите.

Во Крушево победи кандидатот на СДСМ Томе Христоски со освоени 52,7 отсто од гласовите.

Во Куманово во втор круг ќе одат кандидатите група избирачи Максим Димитриевски и СДСМ со освоени 32,79, односно 32,74 отсто од гласовите.

Во Липково победи кандидатот на ДУИ Еркан Арифи с освоени 72,59 отсто од гласовите.

Во Лозово во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со освоени 44,78, односно 27,58 отсто од гласовите.

Во Маврово и Ростуше во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 48,15, односно 48 отсто од гласовите.

Во Македонска Каменица во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со освоени 32.23, односно 30,41 отсто од гласовите.

Во Македонски Брод во втор круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Група избирачи – Ацо Новески со освоени 37,39, односно 31,59 отсто од гласовите.

Во Могила победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Драганчо Саботковски со освоени 57,28 отсто од гласовите.

Во Неготино победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Стојанов со освоени 51,94 отсто од гласовите.

Во Новаци победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стевче Стевановски со освоени 51,29 отсто од гласовите.

Во Ново Село во втор круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со освоени 48,88, односно 47,51 отсто од гласовите.

Во Охрид во втор круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со освоени 48,54, односно 42,05 отсто од гласовите.

Во Петровец победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Борче Митевски со освоени 63,84 отсто од гласовите.

Во Пехчево во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со освоени 39,73, односно 38,72 отсто од гласовите.

Во Пласница победи кандидатот на ДУИ Алија Јаоски со освоени 76,65 отсто од гласовите.

Во Прилеп победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески со освоени 54,84 отсто од гласовите.

Во Пробиштип во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со освоени 49,41, односно 43,99 отсто од гласовите.

Во Радовиш во втор круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со освоени 38,58, односно 25,86 отсто од гласовите.

Во Ранковце во втор круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со освоени 42,6, односно 38,69 отсто од гласовите.

Во Росоман во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со освоени 45,38, односно 37,43 отсто од гласовите.

Во Сарај победи кандидатот на ДУИ Блерим Беџети со освоени 73,1 отсто од гласовите.

Во Свети Николе победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Владев со освоени 51,97 отсто од гласовите.

Во Сопиште победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стефче Трпковски со освоени 65,03 отсто од гласовите.

Во Старо Нагоричане во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и ТМРО со освоени 49,56, односно 26,63 отсто од гласовите.

Во Струга во втор круг ќе одат кандидатите на ДУИ и АА и Алтернатива со освоени 40,5, односно 34,82 отсто од гласовите.

Во Струмица победи кандидатот на СДСМ Костадин Костадинов со освоени 53,7 отсто од гласовите.

Во Студеничани во втор круг ќе одат кандидатите на ДПА и ДУИ со освоени 38,7, односно 31,85 отсто од гласовите.

Во Теарце во втор круг ќе одат кандидатите на ДУИ и АА и Алтернатива со освоени 40,82, односно 25,25 отсто од гласовите.

Во Тетово во втор круг ќе одат кандидатите на ДУИ и БЕСА со освоени 29,04, односно 27,37 отсто од гласовите.

Во Центар Жупа победи кандидатот на ДПТМ Аријан Ибраим со освоени 71, 16 отсто од гласовите, но таму излезеноста е под дозволениот цензус.

Во Чаир во вториот круг ќе одат кандидатите на ДУИ и АА и Алтернатива со освоени 48,9, односно 36,98 отсто од гласовите.

Во Чашка во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и ДУИ со освоени 39,36, односно 33,5 отсто од гласовите.

Во Чешиново Облешево во втор круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со освоени 41,43, односно 38 отсто од гласовите.

Во Чучер Сандево во втор круг одат кандидатите од група избирачи – Јован Пејковски и СДСМ со освоени 42, 22, односно 41,48 отсто од гласовите.

Во Штип избран е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов со освоени, 54,22 отсто од гласовите.

Во Шуто Оризари во вториот круг се пласираа кандидатите на СДСМ и ЛДП/ДОМ со освоени 37,18, односно 25,46 отсто од гласовите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1