Обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева нема да останат во Специјалното обвинителство, а Советот на Јавни обвинители ќе треба да ја поддржи одлуката на Катица Јанева за нивно отпуштање од тимот.
За ова најверојатно ќе биде одлучено на седница. Нивните функции во скопското и тетовското обвинителство се „во мирување“ и тие се’ уште формално се водат во Специјалното обвинителство иако не одат на работа веќе еден месец. Јанева не одговори дали двете обвинителки издавале тајни, единствениот одговор беше дека биле вишок во специјалното обвинителство.