Издадени 215 пасоши со лажен идентитет – 9 уапсени во случајот „Мафија“


На денешната вонредна прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека кривични пријави добиле 10 лица а 9 лица се уапсени во случајот „Мафија“.

Вработени во управните служби на МВР ја злоупотребиле службената положба издавајќи македонски лични документи и патни исправи на странски државјани, информираше на денешната вонредна прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Службените лица делото го извршиле спротивно на постапката за издавање на патни исправи, визи и евиденција за патна евиденција на државјани на Р Македонија со што овозможиле вкупно 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин да се стекнат со македонска патна исправа под туѓ идентитет. Како поддршка на криминалната мрежа било и лице кое не поседува службени овластувања, туку е посредник помеѓу барателите на патни исправи со лажен идентитет и службените лица. По пат на меѓународна полициска соработка, преку регионалната канцеларија за безбедност на САД, како и генералниот секретаријат на Интерпол Лион и Интерпол Скопје беше обезбедена поддршка во насока на откривање на вистинскиот идентитет на лицата, појасни Спасовски, додавајќи дека било утврдено дека дел од овие лица биле дел од меѓународни криминални групи, нарко-картели.

Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица од коишто 9 се приведени и тие во текот на утрешниот ден ќе бидат предадени на надлежното Обвинителство и надлежниот Суд, соопшти Спасовски.

Министерот информираше дека истрагата за случајот „Мафија“ започнала 20 февруари 2019.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1