Пратениците во рамки на 91-та седница, денеска го изгласаа Законот за прекинување на бременоста. Во Собранието во прво читање, поминаа и измените на Законот за Владата на Република Македонија и претстои да бидат повторно разгледани во матичните комисии, по што пратениците ќе гласаат за нивно донесување.
Согласно новиот Закон за прекин на бременоста, се укинува тридневното чекање и останатите административни бариери за остварување на правото на абортус.
Со измените на законот, жената ќе добие комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата. Одлуката за прекин на бременоста, жената ќе може да ја донесе свесно, без принуда од кого било, врз основа на објективни информации поврзани со интервенцијата, со посебна медицинска интервенција за која слободно таа одлучува.