„Изгор сметки за струја’, реагираат велешани


Двојно зголемената сума на пари во сметките за потрошена електрична енергија,овој месец, се причина за реакцијата на повеќемина велешани. Поголем дел од нив велат дека ЕВН им испорачал повисоки сметки кои не знаат како ќе ги платат. Некои граѓани тврдат дека ќе треба да платат киловати за кои сметаат дека не ги потрошиле. Тие велат дека не се прочитани струјомерите и не се точно запишани потрошените киловати. Граѓаните бараат инкасантите редовно да им ги читаат струјомерите особено во зимските месеци кога имаат зголемена потрошувачка на електрична енергија во домовите.smetka struja

„Тоа ќе ни го олесни плаќањето .Досега никогаш не ни дошла сметка за струја која изнесува 5.400 денари. Затоплувањето на домот го вршиме со дрва и навистина не знаеме како успеавме да потрошиме толку многу киловати. Сметаме дека ЕВН паушално пресметала што на моето семејство не му одговара бидејќи сумата е повеќе од половина од пензијата што месечно ја добиваме,“ рече велешанка.

„И јас тврдам дека инкасантот не дошол да ја прочита месечната состојба на струјомерот. Живеам во стариот дел на градот. Сумата што треба да ја платам е висока, изнесува 4.200 денари а се грееме на дрва,“ рече велешанец.

Од ЕВН велат дека јануари беше прилично ладен месец и во испорачаните сметки можно е да е внесена претпоставена вредност на потрошени киловати. Во таква ситуација граѓаните треба да се јават на телефонскиот број на нивниот Центар во Скопје или да побараат корекција во подружницата во Велес. Состојбата ќе се преиспита и ќе се утврди дали станува збор за некаква грешка на компанијата или пак превид на потрошувачите.

Според портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски иако компанијата според закон нема обврска секој месец да ги чита струјомерите инкасантите тоа сеуште го прават. Тој вели можно е во јануари да не влегле во секој дом и остава простор за проверка иако посочи примери во кои граѓаните не реагирале за ниски сметки лани, во декември па добиле драстично високи сметки за јануари, годинава . Инаку ЕВН законската обврска за читање на струјомерите има еднаш годишнo

Duma.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1