Денеска претпладне избувна пожар во православната црква Св. Атанасиј Велики во Богданци.
Пожарот избувнал во внатрешноста од црквата и набрзина се проширил на кровната конструкција.
Благодарение на свештениците, но и месното население сите икони од црквата се спасени, но не и поголемиот дел од инвентарот.
Во гасењето на пожарот учествувале противпожарни возила од Гевгелија, месното население, но и учениците од гимназијата која се наоѓа во непосредна близина.
Засега не се знаат причините за избувнувањето на огнот во православниот храм. Надлежните кои излегоа на терен треба да утврдат дали пожарот избувнал од запалени свеќи, неисправна инсталација или човечки фактор.
Според свештеникот Димче Ставрески старешина на црквата предизвикана е огромна материјална штета.