Пламени јазици го пеплосаа станот на 35 годишниот А.А. лоциран во скопската населба Аеродром.
Пожарот избувнал вчера и зафатил дел од терасата и собите. По интервенција на противпожарната екипа, пожарот бил локализиран.
За среќа, во пожарот нема повредени лица. Полицискиот увид треба да ги открие причините за избувнувањето на пожарот.