Изгоре жена во пожар во Велес


Педесет годишната Џева Асанова од Велес изгоре во пожар што попладнето избувна во нејзиниот дом, на улица Богдан Каракостев, на ридот од десната страна на Велес.. До темел изгоре и куќата и покуќнината на ова семејство. Жената била сама во куќата кога во моментот избувнал пожарот. Не можела да излезе бидејќи била неподвижна. На помош први притрчале соседите, но и тие не можеле ништо да сторат бидејќи се било зафатено од пламените јазици, пренесува Дума.мк.

pozarnikarfin1400077867_thumb_medium490_0„Јас седев со братучед ми и видовме оган. Одма дојдовме ама многу гореше и имаше многу дим неможевме да влеземе внатре и ние ќе изгоревме,“ раскажуваат соседите.

Додека неподвижната жена жива горела во огнот, нејзиниот сопруг и синот биле на Градскиот пазар, да бараат работа за дневница. Кога ја слушнале трагичната вест, веднаш заминале дома, но веќе било доцна. Во тага изјавија дека семејството живеело во слога, а сега кобниот момент им го смени животот.

„Јас ништо не знам ,дали е изгорена ,дали е задушена. Само ќе кажам дека живеевме убаво и сложно. Сега што ќе правиме„рече сопругот  Џафер.

„Бевме на пазарот одма се стрчав ама далеку е кога дојдов се беше готово. Ако може некако да ни помогнат со материјал барем куќичката да си ја направиме„рече синот Ердоган.

Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на пожарот, но поради непристапниот терен биле принудени возилата да ги остават многу подалеку од опожарената куќа. Со пламената стихија се справувале со вода од градскиот водовод.

„Теренот е многу лош. Пожарникарите стигнаа брзо ,но возилата ги оставиувме на еден километар подалеку. Гасевме со водата од градскиот водовод. Кога пристигнала екипата покривот веќе бил паднат и тие гледале да спречат пожарот да се прошири на останатите куќи,“ рече командир на Територијалната противпожарна единица во Веле, Љупчо Лепидовски.

Се уште не се знаат причините за пожарот. Неофицијално избувнал од застарената електрична мрежа. По трагедијата што се случи, жителите од овој дел на градот апелираат до надлежните да им се направи притапен пат за да може побрзо и поефикасно да се реагира во вакви несреќи

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1