Но, за само половина час, вредноста на акциите на неговата компанија “Ханерџи”, значително била намалена.
Тргувањето со акциите на оваа компанија било сопрено во средата наутро, а Ли, кој поседувал нешто повеќе од 80 проценти од компанијата, не се појавил на годишниот состанок на акционери, кој бил закажан откако акциите почнале да тонат.
Компанијата во својот врв чинела 45 милијарди долари, што му овозможило на Ли Хејун да ја преземе позицијата на најбогат Кинез од Џек Маа, еден од основачите на компанијата “АлиБаба”.
Слично сценарио доживеал и хонгконшкиот магнат Пан Сутонг, чии компании “Golden financial” и “Golden Properties”, изгубиле повеќе од 40 проценти од вредноста.
Двете компании тврдат дека “не знаат зошто акциите паѓаат”, а заедничко име тоа што имале вртоглав раст на вредноста во текот на минатата година.
Медиумите наведуваат дека регулаторните агенции истражуваат манипулации на пазарот за акции во Хонг Конг.