Монструозно убиство: Бремена жена и маж најдени со пресечени грла – убиецот користел брусилица


Жена, за која се покажало и дека е бремена, била најдена мртва со пресечено грло во стан во Париз во петокот, додека нејзиниот партнер бил оставен во критична состојба,  јавија француските медиуми.

Електрична брусилка била пронајдена покрај нивните тела.police-lights-generic5

Полицијата ги нашла во стан на Ру де Бу, во 20 –тиот арондисмент, во источниот дел од Париз.

Жената била неколку месеци бремена, а според бројните извештаи во француските медиуми,  жената имала многу рани по телото.

Нејзиниот партнер, исто така имал пресечено грло, но преживеал. Бил ранет и во стомакот.

 

Тој бил во критична состојба, а од станот пожарникарите го изнеле преку прозорецот со помош на јажиња.

 

Според Le Parisien, електрична брусилка била најдена до нивните тела.

 

Останува нејасно дали во случајот се има вмешано и трето лице, но според извештаите на полицијата, двојката имала историја на семејно насилство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1