Терористите од Куманово ја гранатирале владата!?


Вештачењето на оружјето запленето во Диво Нaсеље привршува. Се изготвуива детална листа со парчињата оружје и нивните карактеристики. Балистичките извештаи треба да покажат дали било користено и во други оружени инциденти во Макеоднија и регионот.

Мeѓу запленетото оружје има 5 снајперски пушки, автоматски пушки, пушко митралези, 2 пиштоли, рачни ракетни фрлачи, рачни бомби..vlada nokj mk

Гранатите бомбите и дел од другите експлозивни средства и муниција поради ризикот при транспорт биле фотографирани и уништени  на лице место.

Меѓу уништените гранати има и од типот Кастор и Арпус. Од истрагата сеуште не откриваат дали се работи за истиот тип гранати со кои беше нападната и макеоднската влада.

Во диво насеље веднаш по заплената биле уништени и 2 зољи и 9 рачни бомби.

Пронајдени и запленети биле и 5 снајпери од кои 1 од американско а останатите од југословенско производство, пушка Шмит Рубин со оптички нишан, автоматски пушки со отипчки нишан и бајонети како и една репетирачка пушка. Најголем дел од оружјето било од југословенско, албанско и кинеско потекло.

Во меѓувреме семејставта на убиените терористи  утринава го организираа трансоортот на телата и ги пренесоа во приштина. Косовските власти најавуваат нова обдукција иако постапката беше завршена во Скопје.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1