Излегоа снимки на кои Бошковски прима кеш за промена на името (ВИДЕО)


Во јавноста на каналот Ју Тјуб се појавија видео снимки на кои  е Љубе Бошковски како земал пари за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година. На видо снимките посредникот зборува македонски со забележлив грчки нагласок, а Бошковски  ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.ljube mito

Посредникот со грчки нагласок му кажува на Бошкоски дека грчката влада е воодушевена од она што Љубе го прави.

Во дел од снимката Бошкоски вели дека прашањето со името ќе се реши за три дена. Притоа, тој зема сума од, како што се спомнува на снимката, од 10.000 (но, не се нагласува во која валута) Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега мора да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името

Во продолжение транскрипт од разговорите…

1. дел

Посредникот:  Само да знаеш грчката влада е воодушевена од тебе,

Љубе: Да

Посредникот:   Се е до сега како што треба, само молимте Љубе после тоа сакам и ти да придонесеш, стварно да го решиме проблемот со името.  Преку глава ни е.

Љубe:  Јас сега им викам, го тепам Никола Груевски, му викам кого праша ти за Република Македонија Скопје…. Охриѓаните ги прашаа битолчаните, знаеш се навраќам на патриотска карта, за да ги добијам неговите гласови, тој игра на лажна карта ..Знаеш ќе им кажеш ти на твоите јас сега ќе глумам малце лудило, зошто Љубчо најотворено се лигави. Љубчо она што го прави тоа не е добро ни за Грција. Јас мислам вака-вика мора да се смени името Северна Македонија, оптимално решение и јас не го коментирам Љубчо. Јас ќе играм сега на патриотската, и после АЈЈ ќе го решиме во два дена, со тебе заедно!

Посредникот:   Мислам северна е перфектно име, нема тука, тоа е еден географски поим што го дава самото име.

Љубе: Така де, така е

Посредникот:   Да бидам искрен ништо не се губи.

 

2. дел

Љубе: Брат ништо, јас сега имам интервју

Посредникот:  Јас ќе те чекам, утре ќе збориме повеќе. Слушај сега, јас направив, јас за една недела точно ќе ти ги дадам СЕДУМДЕСЕТ…

Љубе:  Добро

Посредникот:   Седумдесет илјади. И другите како ќе ги сакаш, постепено?

Љубе:  Како ќе оди кампањата, така

Посредникот:  така, ќе ми кажуваш ти, ќе ми кажуваш ти, ќе ја правиме така.

Љубе: Најважно да можам да замислам дека ќе имам.

Посредникот:  За недела дена толку.

Љубе:  Па не.

Посредникот:   Колку?

Љубе:  па пола од тоа ако може на овие денови ќе биде топ

Посредникот:  За добар ден што викаат, со арно нека бие и со крстот нека ти помогни

Љубе:  Фала ти брат

Љубе: Овде колку има десетка

Посредникот:   Десетка

Љубе: добро брат, фала ти многу

 

 

дел

Љубе:  Сега во шест ипол треба да бидам во, не во седум ипол треба да бидам во Штип во студио

Посредникот:   Ааа во Штип

Љубе: Директно одам на митинг

Посредникот:   Што друго сакав да ти кажам, овие катастрофа се. Овие се катастрофа. И ќе изгубат скрос,  а?

Љубе: Скрос. Не бе и од мене, малку и од СДС, ама повеќе и од мене. Повеќе од мене брат ќе изгубат. Лом ги правам на терен.

Посредникот:  Така,  така

Љубе:  Да, да, да, само да видиш, сега со парите кога ќе имаме ние да ги платиме и другите медиуми да можам да се рекламирам на Сител, на Tелма, на А1, ќе ставам еден човек од нив една новинарка што ја води емисијата Индекс

Посредникот:   Аха

Љубе:  Најверојатно. Таа Велија ми ја препорачува

Посредникот:  Аха, аха

Љубе:  И да биде на второ место во 4 та изборна единица. Со тоа на А1 минимално ќе им платиме на А1. Иначе тие се најскапи нели, во минутажа.

 

4 дел

Љубе:  Мајката останува, е сега мајката да земела презиме придавка северна, јужна, не знам каква никаква, дека тоа врска нема

Посредникот:   Граѓани на Република Македонија

Љубе:  Тоа да не се секираш, тука тоа ти гарантирам

Посредникот:   Едноставно граѓани на Република Македонија

Љубе: Така, така. Плус тоа нема поголем патриот од мене, јас сум робувал за Македонија. Јас кога зборам поинаку ме слушаат луѓето него некој лигуш таму кој немал ништо дадено…. Тоа немаш гајле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1