Измама со станови во Битола


Битолската полиција откри измама тешка 600.000 евра со продажба на фиктивни станови, во која група измамници од Битола и од Скопје оштетиле повеќе граѓани во земјава, слично како во познатиот случај „Фиком“, јавува Дневник.

Уапсена е 47-годишната книговодителка Валентина М., која посредувала во наоѓање купувачи и ги наплаќала фиктивните станови. Нејзе и е изречена мерка притвор. По брачниот пар Ангелко Л. (48) и Сузана Л. (52) и нивната 25-годишна ќерка Катерина, сите од Скопје, кои се во бегство, распишана е меѓународна потерница.

Против четворицата полицијата поднесе кривични пријави за измама.

Групата лажела дека ќе им продаде станови изградени од холандска донација по цени двојно поевтини од пазарните, односно дека ќе треба да ги платат само градежните трошоци. Измамниците во повеќе наврати поединечно зеле од 8.000 до 33.000 евра. Тие ги залажувале клиентите дека становите се во Скопје, Битола и во Охрид со големина од 40 до 103 квадратни метри.

– Работеле од јуни 2008 година до март годинава и оштетиле граѓани за вкупно 600.000 евра. Уплатата на средствата се вршела во готовина, за што скопјанецот издавал признаници, додека за „добрата соработка“ на битолчанката, лично или преку посредник, и исплаќал по 1.200 евра – соопшти портпаролот на СВР-Битола, Ѓоко Стрезовски.

извор Дневник

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1