Падна лифт – тешко повредени двајца сервисери во Скопје


Полицијата информира дека двајца работници кои го сервисирале лифтот во хотелот во изградба „Солун“ во Скопје се здобиле со тешки повреди.

Како што пренесува Курир, лифтот се откачил и паднал. Според првичните информации попуштила хидрауличната платформа за возила. Несреќата се случила попладнево.

Повредените работници Д.Д. и Д.Н. веднаш биле пренесени во болницата „Систина“ каде им се укажува лекарска помош.

 

Tags:

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1