Милиони гледачи вечерва беа сведоци на сомнително извлекување на броевите во играта на среќа Лото, на Државната лотарија на Србија! Се работи за 59. коло, кое вечерва предизвика сомнеж дека се работи за наместено извлекување!
Тоа што ги збуни гледачите, а и самата водителка е што на телевизиските монитори се појави бројка различна од таа што беше извлечена. Имено, беше извлечено топче со број 21, а на мониторот се појави бројката 27. За да биде ситуацијата уште посмешна, односно посомнителна, покрај бројот 27, веднаш на мониторот се појави и 21.
Сомнежите се зголемија особено откако следното топче кое се појави беше со број кој веќе стоеше на мониторот, односно со бројот 27. Извлекувањето си продолжи, како ништо да не се случило. Погледнете го и сами видеото и проценете дали дојде до местење на извлекувањето за наградната игра Лото во Србија. Во 59. Коло, како што нагласи водителката на крај, немаше добитник на седумка