СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Г. (30) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама”.
На 7. април околу 09.50 часот на ул.„Галичица“ во Охрид пријавениот го пресретнал Б.Т. (83) во с.Негорци, гевгелиско, лажно му се претставил дека доаѓа од Унгарија и дека вршел презентација на тенџериња и тави во Битола, по што, бесплатно, на оштетениот му дал комплет тенџериња и тави под изговор дека не можел да ги враќа предметите.
Откако продолжиле со разговор на оштетениот му побарал да му позајми 550 евра за да си купи авионска карта. Откако му побарал уште 550 евра и бил одбиен од оштетениот, пријавениот ги зел 550-те евра (33000 денари) и се оддалечил во непознат правец.