Лазо Велковски и Горан Николовски се новите директори на БЈБ и УБК


Лазо Велковски и Горан Николовски се новите директори на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), одлучи попладнево Владата на седница.

Предлогот за Велковски и Николовски дошол од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Лазо Велковски работеше во кабинетот на претходниот министер Агим Нухиу и одамна работи во МВР. Неколку години бил во Агенцијата за разузнавање но по доаѓањето на Спасовски е вратен во МВР. Тој беше на оваа позиција во БЈБ во времето на премиерот Хари Костов.

Горан Николовски кој ќе ја води УБК, работел токму во оваа институција и бил директор за контраразузнавање за Балканот.

Истовремено Владата денес подготви предлог кој сега патува во Собранието за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител. Неговата смена се бара врз основа на член 67 од Законот за јавното обвинителство. За ваквото барање одлучува Собранието.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1