Татковците се дискриминирани оти немаат право на пари за трето дете – Се бараат измени на Законот


Народниот правобранител бара од министерството за труд и социјала да се промени законот за заштита на децата. Правото на родителски додаток за трето дете, наместо да им помага ги дискриминира социјално ранливите категории. Нема никакави ограничувања за мајки кои се работоспосбни и оставруваат пориход, но корисниците на социјална помош мора да се откажат од тие средства ако сакаат да добијат додаток за трето дете.

Бајрамовска вели дека актуелното законско решение врши и целосна дискриминација кон таткото како родител и промовира нееднаквост. Искуството во изминатите години покажало дека поради предвидени членови од законот семејства останувале без додатокот иако таткото ги исполнувал сите услови. Најтешко им е на мајките ромки од Шуто Оризари кои не можат да го остварат ниту условот за редовни гинеколошки контроли поради немањето на матичен гинеколог во општината. Од канцеларијата на народниот правобранител велат дека таткото мора да добие поголеми права. Сегашниот закон без разлика на бројот на деца кои ги има не му дозволува да поднесе барање за користење на додатокот.

Иницијативата е веќе доставена до труд и социјала, а од канцеларијата на народниот правобранител очекуваат одговор во рок од 30 дена. Државната статистика покажува дека додаток за трето дете користат над 20 илјади мајки, додека за четврто бројот на корисници е околу илјада. Најмногу корисници има во скопскиот и полошкиот регион додека најмал број на корисници на ова право има во источниот регион од државата. Бројот на корисници на надомест за трето или четврто дете според податоците од државната статистика расте секоја година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1