Старица (86) која живее од 10.000 динари пензија, пред Нова година, на сметка и легнале речиси милион австралиски долари кои ги наследила од покојниот маж, а исто така наследила и неколку милиони во недвижнини кои се наоѓаат во Австралија.
Но сепак, бабата милионер била измамена.
-Мене ништо не ми треба, само малку вода и леб за мене и моите мачиња и кучиња, да опстанеме во оваа дивина-вели за српски Курир, бабата Марија Златиќ (86) која со децении живее во колиба на планина во шумата помеѓу Бољевац и Зајечар, а која неодамна од сопругот наследила скоро милион долари.
-Точно е дека добив наследство од покојниот маж кој почина во Австралија, ама немам ни динар. Парите ги поделија човекот кој ме чува и пријатлеката Мара, која ми ги средуваше документите околу наследството, кога дозна дека ми умре Момчило- изјавила Марија.