Измамничка сакала да ги земе милионите на Принс: Ние сме во брак, но ЦИА тоа го крие!


Судијата во американската сојузна држава Минесота ги отфрлил барањата на 29 луѓе кои тврдат дека имаат право на дел од наследството на починатата поп-ѕвезда Принс, наредувајќи нова рунда на ДНК тестирање, пренесе во саботата Би-би-си.

Принс беше пронајден мртов на 22 април во својот дом во предградието на Минеаполис во 57-та година од животот. Притоа беше утврдено дека починал од ненамерно предозирање со лек против болки, опијат посилен од хероин. Прерано починатиот музичар не остави тестамент, а немаше ниту деца, па многумина се јавуваат како можни наследници.Prince(3)

Неговото наследство се проценува на 300 милиони долари.

Судијата Кевин Еида наредил генетско тестирање за шест луѓе кои тврдат дека се во роднинска врска со починатиот музичар. Тестирањето ќе се спроведе на четири браќа и сестри, или полубраќа и полусестри, како и на две жени кои тврдат дека се внуки на една од наводните сестри.

Со ДНК тестирањето веќе се отфрлени бројни барања за наследството кои го поднеле разни личности, од затвореник во Колорадо кој тврдеше дека е Принс е негов татко, до жена во Џорџија која тврдеше дека биле венчани, но дека ЦИА тој брак го држи во тајност.

Пејач, текстописец, аранжер и инструменталист, Принс е еден од најинвентивните музичари на своето доба. Неговите хитови ги вклучуваат и песните „Little Red Corvette“, „Let’s Go Crazy“ и „When Doves Cry“. Со потекло од Минесота, се проби во доцните 70-ти години на минатиот век со хитот „Wanna Be Your Love“ и владееше цела идна деценија со албумите како што се „1999“ и „Purple Rain“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1