ИЗМЕНИ: Нови ознаки за токсични хемикалии во играчки и средства


До 1 јуни 2015 година, досегашните портокалови ознаки за штетните хемикалии во индустријата ќе треба да се заменат со нови.

– Хемикалиите со старите ознаки кои се во залиха, ќе може да се доискористат, но се што ќе биде увезено или произведено по 1 јуни 2015-та, мора да биде со новите ознаки, истакнал Лидија Савиќ од Агенцијата за лекови денеска на прес-конференција во Комората. otrov etiketi

Дополнителни 200.000 до 300.000 евра ќе треба да вложат компаниите за целосно исфрлање на токсичните хемикалии од производниот процес. Оваа обврска е веќе светски стандард и Европската унија планира да ја имплементира до 2018 година.

Во Македонија рокот веројатно ќе биде пролонгиран, до 2020-та, зашто, според Стопанската комора, процесот  е долг и комплициран. otrovni igracki

– Македонија е генерално увозно зависна од производите кои содржат штетни хемикалии, но добар дел и тука се произведуваат. Поентата од системот за управување е веќе доловена. Останува да се имплементира во целост за што се еднакво одговорни и компаниите и законодавците, посочил Савиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1