Косовци се пишуваат и геј само за да добијат азил


За да дадат што поубедлива „потврда“, со цел да добијат документи за престој во некоја од земјите членки на ЕУ, Косовците кои илегално емигираат користат разни досетки, од менување на верската и национална припадност па до тоа дека припаѓаат на ЛГБТ заедицата, која е табу тема во Косово.A Kosovar woman holds her child as they warm up around an open fire after they crossed illegally the Hungarian-Serbian border near the village of Asotthalom

Многу Косовци низ канцелариите за миграција во земјите на ЕУ даваат изјава дека се припадници на ромската заедица или Египќани, кои се оставени на маргините во Косово, додека многу од нив дека се во крвно сродство со одредена фамилија која поради убиство е во крвна одмзда.

Дури и определбата дека се припадници на ЛГБТ заедницата, лезбејки, хомосексуалци, не се редок случај. Сепак тренд меѓу косовските илеглаци е нивното конвертирање од муслимани во католици, пренесува приштинска Коха.

Косовските медиуми јавуваат дека егзодусот на Косовците не прекинува. Само во последните 24 часа на железничката станица во Будимпешта биле откриени над илјада Косовци, меѓу нив и деца и бремени жени. На повеќе локации во Унгарија пак во рок од 72 часа биле приведени 4.400 Косовци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1