Измијте го лицето со газирана вода, резултатите се зачудувачки


Овој едноставен потег има голем благодат за вашиот здрав изглед, а најчесто го користат Јапонките, познати по добрата нега на нивната кожа и вечно младешкиот изглед.lice voda mie

По чистењето на лицето, наместо со обична, исплакнете се со минерална газирана вода. Тоа благо ќе ја затегне вашата кожа, меурчињата ќе направат благ пилинг, порите се чистат, а водата во клетките ќе внесе кислород.

Вкупниот впечаток е свежа, цврста и мазна кожа.

Сепак, со минерална вода не треба да се миете секој ден, бидејќи може да дојде до иритации. Најдобро е овој начин на чистење на лицето да се прави само еднаш до двапати неделно.

Минералната вода може да ја користите и како тоник, и со натопено памукче да го исчистите лицето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1