Измислија чадор кој користи воздух за заштита наместо платно (Видео)


Група кинески инженери и дизајнери направиле необичен чадор, кој ги штити од дожд корисниците без притоа да биде отворен

Проблемот со чадорите што се криват, се кршат при посилен ветер, како и влажните чадори што ги мора да ги носите со себе или во вашата чанта, сега има решение. И не мора веќе да внимавате дали некого ќе го повредите со чадорот додека се движите во метеж.
Експертите по аеронаутика од Нанкинг и Пекинг креирале чадор што го користи воздухот како заштита од дожд. Врвот на чадорот издувува воздушен штит, кој не само што ве штити од дожд туку и ви овозможува да гледате пред себе.air-umbrella

Тимот што работел на овој проект, кој за овој футуристички проект собрал 25.000 долари преку онлајн-платформата Кикстартер, реализирал три прототипа. Малиот модел е долг 30 сантиметри и тежок 500 грама, со автономна батерија за 15 минути. Класичниот модел е долг 50 сантиметри и тежок 800 грама со 30-минутна батерија, а големиот модел има рачка на расклопување до 80 сантиметри.
Сите три модели се успешно тестирани, но инженерите планираат да ги подобрат уште повеќе за десет месеци, пред да ги пуштат во продажба.

Сите оние што сакаат да го набљудуваат небото по дождот, а притоа да останат суви можат да ги купат за 80-100 долари, со гаранција од 18 месеци.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1