Изненадувачки голема лековита моќ на карфиолот


Заради своите енергетски, хранливи и лековити вредности, карфиолот делува многу позитивно против болестите кои се јавуваат и настануваат како резултата на современиот начин на живот.

Карфиолот е зеленчук кој потекнува од Мала Азија и Медитеранот. Веќе неколку илјади години во исхраната се користи во различни облици, а сегашниот облик на карфиолот во светот почнал да се користи во 15-тиот век.

Бидејќи карфиолот е добиен со вкрстување на сорти, а потекнува од групата на зелки – заради корисните состојки во народот е познат како „културна зелка“. Разликуваме бел и виолетов карфиол, а и двата се одликуваат со слични особини.

Што се содржи карфиолот?

Карфиолот е сличен на брокулата, а во себе ги содржи следните хранливи состојки:

Бета-каротен
Растителни влакна
Растителни масти
Биотин
Витамин А
Витамин Ц
Железо
Гликоза
Ензими
Изотиоцијанати
Индол
Калиум
Калциум
Лутеин
Протеини
Сулфорафан
Сулфур
Јаглени хидрати
Фолна киселина
Фосфор
Целулоза

Употреба

Карфиолот во исхраната се користи суров (како салата), готвен (супа или чорба без месо или со месо), похован, како додаток во разни јадења, а исто така и закиселен како зимска салата (туршија). Бидејќи е осетлив најдобро е да го чувате во фрижидер, па свежината ќе трае и до неколку дена.

Бидејќи содржи многу малку калории, а многу корисни состојки, карфиолот се препорачува при диети и овозможува чувство на ситост подолго време, а многу поволен е и во исхраната на бремените жени.

Не се препорачува да го консумираат лица кои страдаат од цревно-желудочни заболувања.

Дејство на карфиолот

Имајќи во предвид дека карфиолот содржи доста лековити материи и антиоксиданси, докажано е дека влијае поволно врз организмот и ја помага неговата борба против следните болести:

Алергија
Анемија
Артритис
Астма
Болести на дишните органи
Болести на забите
Болести на срцето
Болести на усната шулина и грлото
Депресија
Воспаленија
Импотенција
Истегнати мускули и лигаменти
Лечење на рак
Менопауза
Мултипла склероза
Недостаток на апетит
Неплодност
Несоница
Нестабилен крвен притисок
Остеопороза
Настинка и грип
Проблеми со косата
Проблеми со метаболизмот
Проблеми со нивото на холестерол во крвта
Повреди на кожата и кожни заболувања
Проблеми со простата
Проблеми во бременоста
Зголемена телесна тежина
Воспаленија на синусите
Стрес
Хемороиди
Шеќерна болест
Шлогираност

Начин на делување

Истражувањата покажале дека покрај антиоксидансната улога, карфиолот има значајна улога и дејствува како чистач на организмот од штетните материи (детоксикација) која е резултат на нездрава и лоша исхрана, како и загадувањето на средината и зрачењето на организмот.

Карфиолот не е минлива мода, туку многу корисна намирница и добар природен лек за превенција и лечење на многу болести заради што е пожелно често да се користи во исхраната.

Se za hrana

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1