Непознати сторители изрешетале хотел завчера на регионалниот пат Тетово-село Брвеница, соопшти МВР.
Инцидентот во полиција го пријавил Џ.И.(47) од село Челопек, сопственикот на хотелот „Ројал“. Според него, непознати лица од автомобил во движење околу 22 часот пукале во хотелот лоциран во близина на надвозникот за Брвеница.
Полицијата излегла на местото на настанот каде што пронашла шест патрони, а утврдила дека од пукањето се оштетени влезната врата, страничните стакла и ѕидовите од внатрешноста на хотелот.