Најсилни докази досега за живот на Марс, тврдат двајца британски научници


Карпите од еден кратер, што се се создал по ударот на метеорит, можеби содржат досега најсилни докази за постоење на живот на Марс, тврдат двајца британски научници.

mars kolonija2Професорот по геохемија Џон Парнел и др. Џозеф Михалски, планетарен геолог, ангажиран во лондонскиот Природно-историски музеј, тврдат во заеднички изработената студија дека откриле најдобри знаци за животот на „црвената планета“.

Студијата на двајцата британски научници е објавена денеска во најновото издание на научното списание „Нејчер Геосајанс Џорнал“.

Во студијата двајцата Британци велат дека составот на камењата што се создадени при ударот на метеор на површината од Марс, се содржат гипс и минерали што се создале под влијание на водата, која е неопходен елемент за животот.

Во изјава за лодонските медиуми, дадена денеска од лабораторијата во Абердин, во Шкотска, Парнел и Михалски велат дека „сосема блиску се до откритието дали има, или имало некогаш живот на Марс.

Mia

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1