Изрешетан хотел Ројал во Тетово


Непознати сторители изрешетале хотел завчера на регионалниот пат Тетово-село Брвеница, соопшти МВР.

rojal hotel tetovoИнцидентот во полиција го пријавил Џ.И.(47) од село Челопек, сопственикот на хотелот „Ројал“. Според него, непознати лица од автомобил во движење околу 22 часот пукале во хотелот лоциран во близина на надвозникот за Брвеница.

Полицијата излегла на местото на настанот каде што пронашла шест патрони, а утврдила дека од пукањето се оштетени влезната врата, страничните стакла и ѕидовите од внатрешноста на хотелот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1