Изрешетан на семафори – нарачано убиство во Црна Гора


Црногорската полиција  работи на пронаоѓање на убијците на четириесет и седум годишниот Александар Брајовиќ, осудуван шверцер на наркотици кој е убиен во саботата навечер во Подгорица.ubien diler

Брајовиќ со својот џип застанал на семафор додека било црвено, а убијците со веспа пришле од десната страна на возилото и во него испукале смртоносни проектили.

Според неофицијални информации, по убиството, полицијата одзела неколку веспи од територијата на главниот град. Тие се, според пишувањето на тамошните медиуми, испратени на вештачење.

Инспекторите бараат барутни честички, кои морале да останат на површината на превозното средство кое го користеле убијците. Судејќи по се, ликвидацијата на Брајовиќ е нарачана и изведена на професионален начин.

Полицијата се сомнева дека за убиството се ангажирани лица од странство, кои можеби веќе ја нпуштиле територијата на Црна Гора.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1