Рекорден број имигранти – За една недела во Грција пристигнале околу 21.000 илегални имигранти


Бројот на имигрантите, кои влегле во Европската унија минатиот месец достигна нов рекорд, соопшти Европската агенција за управување со надворешните граници, Фронтекс. Поголемиот дел од новопристигнатите имигранти се Сиријци и Авганистанци, кои влегле во Грција од Турција.

Според податоците на Фронтекс 107.500 имигранти се пресретнати на границите на ЕУ во јули. Првпат бројот на имигрантите кои влегле во период од еден месец е над сто илјади.imigranti vrakjanje

Околу 340 илјади имигранти влегле во ЕУ од почетокот на годината до јули, додека минатата година таа бројка изнесувала 280 илјади.

– Во Европа ситуацијата е критична, поради што сите земји-членки треба да интервенираат – изјави денеска директорот на Фронтекс Фабрис Леџери.

Тој ги повика останатите 26 држави од Унијата да им дадат поголема помош на Грција и Унгарија.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција околу 2.350 имигранти загинале од почетокот на годината во обид да достигнат до Европа преку Средоземното Море.

За една недела во Грција пристигнале 20.843 илегални имигранти, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), Зијад Раад ал Хусеин

Според него оваа бројка е половина од вкупниот број бегалци, кои пристигнале во Грција по морски пат во цела 2014 година, и продолжува да се зголемува.

Податоците на УНХЦР покажуваат дека од почетокот на годинава во Грција преку Средоземно Море пристигнале околу 124.000 бегалци и имигранти.

Во споредба со истиот период минатата година растот достигнал над 750 отсто. Само во јули во земјата по морски пат пристигнале 50.000 лица, што е за 20 проценти повеќе во споредба со јуни.

Главно станува збор за имигранти од Сирија, Авганистан и Ирак.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1