Изрешетен е водачот на навивачите на Црвена Ѕвезда, Драган Васиќ Гага.
Како што пренесуваат српските медиуми во него биле испукани повеќе од пет куршуми пред Маракана околу 13 часот, блиску до својот автомобил.
Според неофицијалните информации, во него пукало момче со пиштол, кое се одалечило во непознат правец, а Васиќ останал да лежи облеан во крв.
Тој хитно бил пренесен во болница, при што му се констатирани тешки повреди и моментално се работи на нивната дијагностика.
Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.