Автомобилот со кој Ивана Фогадиќ го киднапираше и замина со својот пет годишен син Патрик е извлечен од дното на езерото.
Од езерото каде вчера беше пронајдено мртвото тело на малиот Патрик, утринава е изваден автомобилот. Хрватските медиуми пишуваат дека во автомобилот не е пронајдена мајката Ивана, туку само нејзините документи.
од автомобилот скршени се страничното стакло и шофершајбната, а полицијата претпоставува дека оштетувањата настанале поради силниот удар во водата. Полицијата смета дека Ивана возела премногу брзо, залетувајќи се пред намерно да влета во езерото.
Полицијата продолжува со потрaгата по телото на мајката Ивана, која самоубиството и убиството на синот го најави на социјалната мрежа Фејсбук.