Деновиве повторно главна тема на разговор е топлото време. Ова е листа на апсолутно највисоката измерена температура во месец јули во Македонија.
Мерењата, нормално, се направени на метеоролошките мерни станици во склоп на УХМР. Во принцип рекордите се со пола-пола зачестеност помеѓу јули 1988 и јули 2007 година.
| 45,7 | °С | Демир Капија |
| 45,3 | °С | Гевгелија |
| 43,5 | °С | Штип |
| 43,4 | °С | Струмица |
| 43,4 | °С | Скопје (З.Рид) |
| 41,5 | °С | Прилеп |
| 41,2 | °С | Битола |
| 40,2 | °С | Крива Паланка |
| 39,0 | °С | Берово |
| 37,5 | °С | Охрид |
| 34,2 | °С | Маврово |
| 34,1 | °С | Лазарополе |
Рекордната температура од Демир Капија е постигната на 25 јули 2007 година, и таа температура е и највисоката температура измерена во Македонија од кога се започнати метеоролошките мерења.









