Извлечени странски државјани заглавени во снегот на Галичник


Странски државјани со автомобил вчера заглавиле на патот од Маврово кон Галичник. Од Центарот за управување со кризи информираат дека лицата биле евакуирани и сместени на безбедно.

„Вчера попладне на телефонска линија 195 се јавило лице странски државјанин, кој пријавил дека заедно со неговата сопруга со својот автомобил се движеле од Маврово кон село Галичник и на повисока надморска висина по патот со возилото заглавиле во снег“, информира ЦУК.

Од таму додаваат дека од полициската станица Маврово-Ростуше била испратена полициска екипа со теренско возило, која во 16,50 часот ги пронашла лицата и успеале да го извлечат и автомобилот на заглавените лица, и истите безбедно да ги спуштат во Маврово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1